Пожарот во близина на Скопје е под контрола, гаснењето продолжува утрово
Foto

Пожарот во близина на Скопје е под контрола, гаснењето продолжува утрово

Екипите на противпожарната единица на град Скопје го локализираа шумскиот пожар над скопското село Буковиќ, а гаснењето продолжи утрово.

Во моментов останува да се угасне и пожарот меѓу селата Раовиќ и Ласкарци кој е под контрола.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот наутро на непристапен терен. Опожарена е дабова шума, а со огнот е зафатена површина од околу 100 хектари Пожарот го гаснеа три противпожарни возила и вработени од ЈПНационални шуми".

0 Коментари

Остави коментари