Пожарот на Јабланица е локализиран, соопшти ЦУК
Пожарот кој избувна на планината Јабланица е локализиран, информира Центарот за управување со кризи. Во гаснењето, како што беше соопштено, од утрово интервенирал и армиски хеликоптер.
„Хеликоптерот на Армијата изврши 16 прелети и исфрли 16 ведра вода, дејствувајќи околу три часа. Во гаснењето учествуваа и ТППЕ Струга, како и 12 лица од ЈП ‘Национални шуми’ –Јабланица, Струга“, информира ЦУК.

