Пожарот на Галичица е под контрола, нема опасност по населените места
Се уште се води битка со огнената стихија на Галичица, но пожарот е под контрола и нема опасност по населените места – вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Потешко се одвива гаснењето од преспанска страна каде само вчера се слушнале повеќе од 40 еклозии поради тоа што на теренот имало старо оружје и бомби. Битката со огнените јазици на Галичица трае десеттина дена и се води на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината.