Пожарникарите во Штип ја добија битката со општината – конечно ќе го добијат обештетувањето
Општинската каса на Штип ќе остане пократка за околу 30 илјади евра. Толку преку извршители бараат пожарникарите. Тие изминатите години тужеа за неисплатени надоместоци на плата бидејќи општината не го почитувала Законот.
Пожарникарите со тужби поради неисплата на надоместоците започнаа пред неколку години. Првиот што се осмели да ја тужи општината од наградуван пожарникар стана општински курир. Поради ваквите судски спорови општина Штип пред извесно време ја регулираше и вредноста на бодот за платите на пожарникарите, што предизвика ново незадоволство кај нив.