Пожарникарите ќе продолжат со секојдневни протести
На висок тон, со меѓусебни обвинувања и партиски етикетирања помина средбата меѓу скопските пожарникари и градоначалникот на град Скопеј петре Шилегов.
Побараа додаток на основната плата од 20 отсто поради ризичноста на работното место што е предвидено во законот од 2014.
Градоначалникот Шилегов им понуди медијаторство. Законските измени со кој дел од барањата на пожарникарите ќе добијат законски основ, треба да стапат во сила во јуни 2021 година.
Првото на медијација е индивидуално право и не е задолжително. Постапка треба да се реши за 30 дена откако ќе биде покрената доколку двете страни најдат заеднички став.
Пожарникарите најавија дека ќе протестираат додека Град Скопје не почне да им го исплаќа додаток на платата. Сепак додека протестираат на терен ќе работи дежурна чета.

