Пожарите секојдневица, осомничени и приведени нема
Десетици пожари се пријавуваат секој ден, многу хектари изгорена шума, ниско стеблеста вегетација, како и во градските средини. Наспорти тоа, се уште нема ниту осомничени, ниту одговорност за сторителите.
Последна жртва на пожар беше универзалната сала која пламените јазици на само неколку минути ја голтнаа внатрешноста. Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје излегоа на терен за откривање на причините.
- Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикал од човечки фактор или се работи за несреќен случај. - стои во соопштението од ОЈО.
Поради прибирањето на докази се уште нема потврда за тоа како настанал пожарот, беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување. Пожари, опожарени авотмобили два пати минатата недела на дивиот паркинг под Кале, случај регистриран во билтенот на МВР.
- Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило ‘хјундаи’ со скопски регистарски ознаки, стои во билтенот. - велат од Министерството за внатрешни работи.
На истата локација беше забележан уште еден пожар во вторникот, пак гореше трева без настрадани автомобили.Но, МВР освен што констатираат пожари, се уште немаат резултати од истрагата. Локација е запуштена, затрупано со ѓубре, но паркирањето таму е бесплатно, па затоа постојано луѓето паркираат таму особено за викендите и другите слободни денови.
Во центарот за управување со кризи на единствениот број 112 постојано пристигнуваат пријави, во феврури во зима достигнувале и до 50 активни пожари во едно деноноќие.
Во последните 24 часа се интервенирало на 10тина пожари на неколку локации во земјата: Дебарско помеѓу селата Бомово и Коњаре, Охрид, Шуто оризари, Сарај покрај автопатот Скопје - Тетово, Ресен, Штипско, Пехчево и Куманово.