Пожари во Крива Паланка, Македонски Брод, Кавадарци, Дојран...
Пожарите во Македонија не мируваат, се води битка со огената стихија на терторија на повеќе општини. Покритично беше во Крива паланка од каде градоначалникот побара итна помош од државата и соседните општини
Во текот на денот пожари беа регистрани и во Македонски Брод, Чашка, Чучер Сандево, Дојран, Велес, Шуто Оризари. Телевизија 24 ги праша дел од гардоначалниците кој е нивниот општински капацитет да се справат со пожарите и колку им помага центарланта власт. Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов вели дека дополнителен проблем прави ветровитото време кое предизвикува ширење на огнот.
На територијата на општина Македонски Брод во текот на ноќните часови имале подршка и од прилепските пожарникари, а рано наутро се дејствувало и од воздух. Со сите расположливи ресурси се интервенира против пожарите на подневјето на Македонски Брод вели за телевизија 24 градоначалникот Жарко Ристески.
Вчера беше прогласена 30 дневна кризна состојба низ целата земја поради зголемувањето на пожарите. За дел од нив надлежните тврдат дека се подметнати. Прведениот кој се соминичи за подметнување на пожарот на улица Ѓорче Петров доби 8 денвен ефективен притвор.

