Пожари: Поднесени пријави за 20 лица, до 1 јули повеќе од 1 100

Високите температури и топлотниот бран но и можните намерни потплаувања на сува трева и годинава предизвикуваат пожари на територијата на цела Македонија. Општините  се мобилизираат и координирано со Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК ја следата состојбата.

Критичниот пожар во струмичко Ново Село кој беше закана за куќитее локализиран и ставен под контрола. На терен и денска е тим од 20 тина луѓе од доброволните противпожарни здруженија кои го гасната жариштето . 

Ѓорѓе Божинов, градоначалник на Ново Село

- Утрово се одржа состанок на кризниот штаб  во просториите на општина Ново Село и на истиот беа дискутирани вчерашните постигнување од ДЗС со двата авиони, пожарната во Струмица, припадниците на македонски шуми и припадниците на доброволното противпожарно друштво како и локалното население. Во текот на изминатата ноќ имаше дежурни лица но нашето доброволно противпожарно друштво кај црквата Св Петар и Павле во Бајково со цел да се спречи повторно доближување на пожарот кај црквата.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од почетокот на оваа 2026 година па се до 1 јули, регистрирани се вкупно 1104 пожари на отворен простор.

Податоците од мвр пак покажуваат дека во текот на првите шест месеци годинава регистрирани се 41 кривично дело за предизвикување општа опасност а пријавени се 20 сторители.

МВР

- Согласно податоците со кои располагаме, во првите шест месеци од 2026 година, регистрирано е 41 кривично дело предизвикување општа опасност, за што кривично пријавени се 20 сторители.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов најави  дека годинава инстуицијата ќе се фокусира на регрутација на пожарниакри –доброволци за справување со пожарите со цел проефсиналите ресурси на армијата и полицијата да можат да ја работат својата работа. Дел од општините упатија апели и перпораки  до граѓаните да не се пали сува трева, да нема движење низ шумите без потреба како и да се внимава при корисење на запалки и кибрити.