Пожар во зграда во Чаир, најмалку шест лица во болница побарале помош поради вдишување на чад
Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир.
Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.
Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а според информациите биле евакуирани околу 100 лица.
Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор.
Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата, па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.