Пожар во скопски Аеродром - зафатени се гаражни простории под трговскиот центар „Бисер“. Две екипи на противпожарната бригада се на терен и се интервенира за спречување на поголема штета. Од екипите на терен најавуваат повеќе информации во текот на денот.