Пожар во хотел во Истанбул, има загинати
Две лица загинаа, а две други се повредени во пожар што избувна рано утринава во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел.
На местото на пожарот излегле голем број противпожарни, медицински и полициски екипи.Пожарот бил локализиран по еден час.