Пожар во хотел „Буши“ - имало свадба, интервенирала и брзата помош

Пожарот кој попладневно изби пожар во хотелот Буши е локализиран, изјави за ТВ 24 коимандирот на противпожарната бригада Ѕвонко Томески. Според информациите од ЦУК во моментот на пожарот во хотелот имало свадба.

Поради големиот број на луѓе кои биле во хотелот и фактот дека вдишале чад побарана е интервенција од брзата помош. Најверојкатно пожарот избувнал во кујната како последица на експлозија на плинска боца.

Од Противпожарната бригада Скопје информираат дека во пожарот се зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот. Оттаму појаснуваат дека пожарот е локализиран и дека неколку лица се пожалиле на тешкотии со дишењето од тие причини интервенирале и екипите од Итна помош. 

Директорот на Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, Љубен Арсенков за МИА изјави дека до овој момент кај нив не се донесени повредени од пожарот во хотелот „Буши“.