Повторно висока бројка на заразени со Ковид 19 во Македонија
Foto

Повторно висока бројка на заразени со Ковид 19 во Македонија

Нови 126 случаи со Ковид-19 се регистрани во земјава во текот на изминатото деноноќие меѓу кои и новороденче и неговата мајка од Штип, како и четири болничарки и три медицински сестри од Прилепското гинеколошко-акушерско одделение. Поради зголемениот број на новозаразени во последните денови земјава не ги исполнува епидемиолошките критериуми на Европската Унија и нејзините граници остануваат затвоени за македонските државјани.

Согласно одлуките на ЕУ, и Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани на нејзината територија, па така иако од денеска ќе биде отворен граничниот премин Евзони дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти. Повторнио ревидирање на одлуката е најавено за 15 дена врз основа на епидемиолошката состојба.

Најмногу од новодијагностицираните со коронавирусот 66 се од Скопје, 19 од Тетово, 15 од Штип, шест од Куманово, четири од Кавадарци, по три од Прилеп и Ресен, по два заболени има во Струга, Велес, Гостивар и Пробиштип и по еден во Битола и Свети Николе.

Починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, а Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти 43 од Скопје, три од Ресен и по еден од Штип и Битола.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

0 Коментари

Остави коментари