Повторно технички проблеми со „фингерпринтовите”
Гласањето за 44 градоначалници започна утринава во 7 часот, а според првичните информации од ДИК, гласањето се одвива нормално, со мали технички проблеми.
На дел од избирачките места се појавиле проблеми поврзани со апаратите за отпечаток од прст. Поточно, некои од претседателите на избирачките одбори не можеле да се логираат во уредот.
И во првиот круг имаше проблем со фингерпринтовите кои не ги препознаваа отпечатоците на дел од гласачите, поради што гласаа на стариот начин.