Повторно пукање во трговскиот центар Ист Гејт

Во шопинг центарот Ист Гејт во моментов се  случува драма. Според посетители, во шопинг центарот наголемо се пука, а веќе се појавила и интервенира полицијата.  

Полицијата е на терен и се очекува официјална информација за кратко. На 25 август годинава во овој центар исто така имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка.

Продавачите ги затвораат продавниците а посетителите се евакуираат од центарот.