Повторно протести ширум Франција поради ковид пропусниците
Foto

Повторно протести ширум Франција поради ковид пропусниците

Во поголем број француски градови вчера се одржаа протести поради воведување на така наречените здравствени ковид пропусници. Седум саботи по ред во Франција се одржуваат протести, а вечра имаше околу 200 собири од кои четири во Париз, на кои граѓаните покрај ковид пропусниците се изјаснија и против вакцинацијата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на вчерашните протести учествувале околу 158.000 луѓе., а пред една недла протестирале приближно 175.000 лица.

Здравствената пропусница се издава на лица вакцинирани со две дози, прележани или со негативен тест на Ковид-19 и е неопходна за влез во угостителските објекти, музеи и на спортски и културни настани. Противниците на мерките воведени за спречување на ширење на Ковид-19 тврдат дека со тоа се кршат основните слободи, како и оти со ковид пропусницата индиректно се воведува обврзна вакцинација.

Во Франција околу 72 проценти од населението е вакцинирано најмалку со една доза, а 64,5 отсто со две дози.

0 Коментари

Остави коментари