Повторно одложено рочиштето за Веапоска поради отсуство на адвокатот на одбраната, судот го казни со 1000 евра и изземање од случајот

И денеска поради отсуство на адвокатот на обвинетиот доктор Асани се одложи судењето за слуајот со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска. Бидејќи последните рочишта се одложуваат поради истата причина, судијата Јордан Јованов го казни адвокатот со глоба од 1000 еу, побара негово изземање од предметот и назначување друг правен застапник.  

Оштетената Веапоска денеска во судот во Струга дојде во придружба на десетина граѓани како нејзина поддршка и повторно најави протести доколку до крајот на месецов нема судска разрешница за случајот поради кој три години е низ судските лавиринти а пет години живее со истата агонија.

Таа најави протести во Дебар Струга и Скопје. Правда вели таа мора да има за на ниедна друга жена не и се случи истиот терор кога на породување остана без бубрег матка и јајник на свои триестина години. 

Освен Асани во овој судски предмет обвинети се уште двајца други лекари кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето,но се изјаснија дека се невини.

Инаку денеска во струшкиот суд кај истиот судија беа закажани но и екпресено одложени две рочишта за екс градоначалникот Мерко за поставувањето на спорната табла и  финансиски злоупотреби при осветлувањето на коритото на реката Дрим.И овие судења се одложија поради отсуство на истиот адвокат кој освен на докторот Асани е правен застапник и на Мерко. И за овие случаи адвокатот е казнет со по 1000 евра.