Повторно објавени аудио разговори без никаков јавен интерес
Foto

Повторно објавени аудио разговори без никаков јавен интерес

Денес продолжи објавувањето на прислушуваните материјали во контекст на предизборната кампања.

Така црните штабови кои објавуваат во корист на власта објавија снимка на која зборуваат Миле Јанакиески и игор јанушев, а штабовите кои работат во корист на опозицијата објавија снимка на Зоран Заев со непознат соговорник.

Со оглед на непостоењето на јавен интерес на двете снимки, тв24 денеска нема да објави ниту една, а истиот принцип ќе се примени и врз идните снимки кои нема да бидат од јавен интерес.

0 Коментари

Остави коментари