Повторно ќе биде ставен во функција бродот Амбуланта во Охридското Езеро

Повторно ќе биде ставен во функција бродот Амбуланта во Охридското Езеро, а ќе се овозможи и поголема заштита на НП Галичица од шумски пожари преку два проекти одобрени во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка со Албанија кои имаат за цел да придонесат за заштита на природните и културните вредности.Во проектите заедно со Охрид е вклучен и градот Крушево.

Според властите овие проекти промовираат одржлив регионален развој, заштита на животната средина и безбедност на заедницата, засилувајќи ја соработката во рамките на локалните заедници и преку границата. Вкупната вредност на проектите надминува 1,6 милиони евра. 

Програмата за прекугранична соработка  Македонија – Албанија е една од петте програми во кои државава учествува со своите соседни земји. Целта на програмата е унапредување на прекуграничната соработка и поттикнување на регионален развој. Овој пакет на средства од ЕУ во износ од околу 12 милиони евра, е наменет за поддршка на проек

ти што промовираат економски раст, еколошка одржливост и социјална интеграција во двете земји