Повторно инцидент во Бахреин - Макс Верстапен и Шарл Леклер излетаа од патеката
Foto

Повторно инцидент во Бахреин - Макс Верстапен и Шарл Леклер излетаа од патеката

Денешната трка започна со Валтери Ботас на пол позицијата, а до него Џорџ Расел. Уште на самиот старт трката започна со инцидент во кој учествуваа Шарл Леклер, Срхио Перез и Макс Верстапен.

Трите болида беа во тесна борба за повисока позиција, но на една кривина Леклер удри во болидот на Перез, а Верстапен кој беше веднаш зад нив, сакајќи го да избегне нивниот судар, заврши во оградата. Во оградата на крајот заврши и Леклер.

За среќа, овојпат, не дојде до поголема несреќа како минатонеделната на Грожан, која при ударот во заштитната ограда, неговиот болид, буквално експлодира, се преполови на два дела и се запали. Грожан помина со мали изгореници на рацете.

0 Коментари

Остави коментари