Повторно дојави за бомби во белградските основни и средни училишта
Повторно дојави за бомби во белградските училишта. Утрово околу 8.20 часот во неколку основни и средни училишта во Белград пристигнале ваквите пораки, а српското МВР ги информирало родителите.
Како што пренесуваат српските медиуми, родителите по Вибер добиле известување.
Во меѓувреме, полициски екипи вршат увид на училиште по училиште, а по завршувањето на секој увид учениците ќе бидат вратени на настава.