Повредените од пожарот ќе добијат итна помош од 150 000 денари
Директорот на СОЗР додаде дека во оваа смисла логистички е ангажирано Министерството за надворешни работи и надворешна трговија кое преку амбасадите и конзуларните претставништва во земјите каде што се лекуваат повредените ги собира трансакциските сметки и согласностите на засегнатите за оваа намена.
Веќе од понеделник, како што додаде, Црвениот крст ќе почне со исплатата на предвидените средства
На секој од повредените во пожарот во Кочани ќе му бидат доделени по 150 илјади денари (околу 2 500 евра) како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Ова денеска на прес-конференција го најави директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.