Повисока старосна граница, спас за ПИОМ или удар за работниците?
Ниту за бизнисмените, ниту за експертите, не е добар предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години, како што предлага Фискалниот совет. Работодавците велат дека така ќе добијат непродуктивни работници, кои често ќе манипулираат со боледувања, а за нив ќе мора да се исплаќаат придонеси.
Предлогот е дискутабилен, се согласуваат бизнисмените. Но, и таму има разногласие. За едни, треба да се легализира увозот на работници, за други одењето во пензија да биде договор меѓу работодавецот и работникот. Но, сите се согласуваат дека со државните сувбенции на странските компании, државата ги става во нерамноправна положба домашните компании.
Бројот на вработени во приватниот сектрор е опаднат, велат бизнисмените. Приватните фондови, проектите кои ги труркаа владите, со кои за одредени групи граѓани не се плаќаa приодонеси, доведе до дупка во фондот, вели поранешната директорка на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, која продлогот на Фискалниот совет го оцени како лош. Таа вели дека се приближува разликата помеѓу бројот на осигуреници и пензионери и нормално е Фондот да не може да издржи и да исплаќа пензии.
Сепак, потсетува дека дефицитот во ПИОМ е кој го пополнува централниот буџет е предвиден уште во 2003 година, кога почнаа да функционираат приватните пензиски фондови, оти дел од парите за придонеси одат и таму. За Јовановска, спорно е што државата не ги информира граѓаните каков бенефит ќе имаат од ова, кога ќе заминат во пензија.
Засега, пратениците не го прифаќаат предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години и за двата пола. Сепак, тој ќе се разгледува и догодина. Еден од членовите на Советот, академик Абдулменаф Беџети не се сомнева дека и во иднина ќе се обезбедуваат се повеќе пари за пензии од централниот буџет, а ПИОМ годишно повлекува околу 40% од средствата од него.
- Но, тоа не е правично од аспект на долгорочна истрајност, затоа што на крајот на краиштата не може пензиите да се финансираат со даночни приходи. Тоа не е добро. Пензиите се контрибуција - прво треба да се финансираат врз основа на контрибуторите. Колку се придонесува, толку треба сразмерно да се добие пензија. А, ова значи прераспределба. Кога тие се финансираат и од даноци, т.е од буџетот, тоа значи дека во секој случај се губи дури и во правичноста на системот.
За експертите, се додека не се зголеми бројот на вработени и на тројца вработени да има еден пензионер, состојбата ќе биде критична.