Повик до институциите за помош од стара и изнемоштена штипјанка

Во мала, трошна и стара куќа во срцето на градот под Исарот живее Вида Стојанова. Годините не и тежат толку колку условите во кои секојдневно се буди. Таа пред камерата на 24 објаснува дека третата доба ја поминува сосема сама, но, како што вели, стравот дека ќе и падне таванот врз глава или пак болеста ќе ја надвладее и ќе нема да може да се движи ја натерал помош да побара од институциите. 

 

Оставена сама на себе, сега старата и болна баба Вида тврди дека низ годините наназад побарала помош од повеќе институции за нејзиниот проблем, но по долги административни процеси одговорот секогаш бил негативен. Таа укажува дека постојат повеќе решенија за нејзиниот проблем, но, како што вели, потребна е воља.

 

72 годишната штипјанка се сомнева и на институционален пропуст, односно на промена на податоците во катастарот.

Свесна дека нејзината мала и стара куќа вреди многу малку, баба Вида е сигурна дека доколку дворната површина се легализира, тогаш благодарение на локацијата ќе може да ја продаде куќата и со тие средства да си овозможи колку-толку нормални и соодветни услови за живот. А нејзините барања не се големи.

 

Сега, на потег се институциите.