Повеќе од десет илјади луѓе евакуирани поради шумски пожар во југозападна Франција
Повеќе од десет илјади луѓе во текот на изминатата ноќ се евакуирани од областите западно од Бордо, каде шумски пожари зафатија подрачје со површина од околу две илјади хектари.
Локалните лвасти соопштија дека пожарот избувнал во близина на областа на заливот Аркашон, популарна туристичка дестинација, а меѓу евакуираните има голем број туристи кои престојувале во кампови.
Префектурата соопшти дека околу 500 пожарникари се ангажирани во активностите за локализирање на пожарот. Засега нема информации за повредени лица.
Податоците покажуваат дека шумските пожари во Европа оваа година веќе уништиле површини поголеми отколку просекот на годишно ниво од последните две децении.
Европа за која научниците тврдат дека се загрева побрзо од кој било друг континент, годинава беше зафатена од три речиси последователни топлотни бранови, што дополнително го зголеми ризикот од појави на пожари.

