Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот
Foto

Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот

Европа се соочува со неконтролирано зголемување на бројот на нови инфекции на ковид 19. Франција од денеска е во делумна блокада, а од понеделник „локдаун“ ќе воведе и Германија.

Според новите мерки  кои од денеска стапуваат во сила границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ. Објаснувајќи ги мерките, францускиот премиер Жан Кастекс истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за извршување на најнеопходните работи.

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција со коронавирус, соопшти денеска институтот Роберт Кох, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Според институтот, досега регистрирани се 10.349 смртни случаи, што е дневно зголемување од 77 починати. Од понеделник и во германија ќе стапат на сила нови рестрикции.

Белорусија е последната држава кој ги затвори своите граници наведувајќи ја како причина епидемиолошката состојба. Од денеска, патувањето ќе биде ограничено, а границите ќе останат отворени само за дипломати и сообраќај со камиони.

 

0 Коментари

Остави коментари