Повеќе од 18 милиони луѓе во светот заразени со коронавирусот
Foto

Повеќе од 18 милиони луѓе во светот заразени со коронавирусот

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 18 милиони и достигна 18.020.684, според најновите податоци објавени на интернет страницата „Ворлдометерс“.

Првиот милион е регистриран на 2 април.

Бројот на заразени лица во последно време се зголемува за еден милион за четири дена – 16 милиони се регистрирани на 29 јули, 15 милиони на 25 јули …

Повеќе од една четвртина од позитивните на Ковид-19 се во САД, каде што се регистрирани речиси 4.800.000 пациенти. Следува Бразил со повеќе од 2,7 милиони и Индија со над 1,7 милиони заразени.

Во Европа, Русија има најмногу потврдени случаи на коронавирус – речиси 850.000, а потоа следат Шпанија со повеќе од 335.000 пациенти, Велика Британија со речиси 304.000, Италија со речиси 248.000 и Германија со повеќе од 211.000 заразени.

0 Коментари

Остави коментари