Повеќе од 15 илјади исчезнати во војната во Украина

Повеќе од 15 илјади луѓе исчезнале од почетокот на војната во Украина, изјави синоќа официјален претставник на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP), организацијата основана по војната во поранешна Југославија.

Организацијата со седиште во Хаг летото отвори канцеларија во Киев, за да им помогне на украинските власти во документирањето податоци и пронаоѓањето исчезнати лица.

Директорот на Програмата „ICMP” за Европа, Метју Холидеј, рече дека не се знае колку лица се насилно раселени, колкумина се затворени во Русија, колку се живи и одвоени од своите семејства, колкумина се загинати, колку закопани во необележани гробови…

Процесот на потрага по исчезнати лица во Украина ќе продолжи со години и години по завршувањето на војната, рече Холидеј.

Се проценува дека бројката од 15 илјади исчезнати е далеку од реалноста, со оглед на тоа што не е позната судбината на 25 илјади луѓе само од Мариупол.

Бројките се огромни, како и предизвиците за Украина. Освен тоа, не се знае кога ќе заврши војната, изјави Холидеј.

Од „ICMP”, единствената меѓународна организација што работи исклучиво на решавање на проблемот со исчезнатите лица, посочуваат дека со складирање примероци од ДНК на роднини на исчезнати лица, се создаваат бази на податоци.

Во Киев организацијата почна да собира ДНК материјали што ќе му помогнат на обвинителството во истрагата за воените злосторств