Повеќе од 11.000 граѓани ги искористиле ваучерите за летување
Foto

Повеќе од 11.000 граѓани ги искористиле ваучерите за летување

Над 11.000 граѓани досега ги искористиле ваучерите за летување. Најголем дел од нив ги избрале туристичките центри Охрид и Струга. Хотелиерите од регионот велат дека изминативе недела –две се целосно резервирани од домашни гости со ваучери. Но силно недостигаат странските гости и нивното отсуство најмногу се чувствува на прометот во целиот туристички сектор.

Најголемите штети сепак велат од ХОТАМ ќе се бројат во септември кога ќе се види колкав точно е економскиот пад во туристичката индустрија предизвикан од отсуството на странските туристи, но и откажувањето на свадбите оваа година поради коронавирусот.

Инаку за ваучерите за летување од 15. јули досега пријавени се и бројни злоупотреби. На социјалните мрежи па и по огласите за купи - продај може да се види како граѓани ги продаваат ваучерите за цени од по 3.000 до 4.000 денари. Ги нудат на хотели, апартмани, вили и поединци.  

Досега пазарната инспекција поднесе неколку кривични пријави за измами со ваучерите за туризам и во Охрид и во Струга.

0 Коментари

Остави коментари