Повеќе обвинители најавија тужби против адвокатката Кадриу: Факт е дека сјо врати пари во државниот буџет
Иако престана со работа во 2020 година, Специјалното јавно обвинителство одново ја бранува јавноста и во фокусот ги врати поранешните лидери на двете најголеми политички партии и екс-премиери Зоран Заев и Никола Груевски, а ги раскара и поранешните колеги.
По вчерашната реакција на обвинителот Гаврил Бубевски за наводите што ги изнесе адвокатката Лејла Кадриу, со реакција денеска се огласи и обвинителката Елизабета Јосифовска, која исто така беше дел од Специјално јавно обвинителство. Таа ги демантираше обвинувањата на Кадриу и најави тужба.
Елизабета Јосифовска, јавна обвинителка
„Сметам дека овие лажни и клеветнички изнесувања се направени со цел да се наруши мојата чест и професионален углед, но и да се дискредитира работењето на целата институција Специјално јавно обвинителство“, вели Јосифовска.
Не изостанаа реакции и од политичките партии. Од опозициската СДСМ обвинуваат дека власта води кампања против против институција која повеќе не постои. Според опозицијата, атакот врз СЈО е специјална операција за враќање на Никола Груевски во државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговорија дека СЈО било продолжена рака на СДСМ и на екс-премиерот Зоран Заев, кој, според владејачката партија, носел одлуки наместо специјалните јавни обвинители.
На сличен став со власта е и самиот Груевски, кој вели дека СЈО повеќе личело на штаб на СДСМ отколку на обвинителство.
Телоп: Никола Груевски, поранешен претседател на Владата на РМ
„Јавното сведоштво на обвинителката на СЈО, Лејла Кадриу, потврди дека СЈО повеќе личело на штаб на СДСМ отколку на обвинителство и дека правеле стратегија како мене и моите соработници да нè претстават како ѕверови кои крадат и убиваат, со цел политичка егзекуција“, објави Груевски на Фејсбук.
Инаку, Специјалното јавно обвинителство повторно се актуализира во јавноста откако адвокатката Лејла Кадриу во ТВ-гостување изнесе ставови за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога СЈО било активно.

