Потрошувачката кошничка нешто над илјада евра

Континуираниот раст на трошоците за храна на домаќинстават продолжува и во јуни. Не едно четири члено семејство му се потребни 22 илјади денари за да ги купи основните прехранбени производи и тоа во скромни количини.

Оваа анализа на Телевизија 24 покажува дека доколку една минимална плата се троши само за набавка на оптималните потребни за храна, останатите близу 40 илјади денари колку што тежи потрошувачката кошничка семејствата со ниски примања ги обезбедуваат многу тешко.

Пресметката вели дека не само што кошниочката не може да се покрие со две минилани плати, туку безмалку се потребни три или една минимална и една просечна нето плата. А во Македониоја над 100 илјади работници месечно добиваат 22 500 денари и тие се принудени да бараат дополнителна работа.

Граѓаните велат дека голем дел од храната која некогаш била редовно на трпезата, веќе одамна им е луксуз.

„Тешко е, многу тешко. Ова па како да ни се случува прв пат. Ова е катастрофа.“

„Секој ден има поскапување, од сите артикли. “

Од ССМ кои се креатори на минималната синдикална кошничка за ТВ 24 велат дека секој месец при нивната пресметка забележуваат како се зголемуваат цените, не само на храната туку на сите производи и услуги кои граѓаните редовно ги купуваат и користат. Синдикалците бараат да се најде модел кој ќе стави крај на поскапувањето на основните прехранбени производи.

- Околу четири до пет отсто секако имаме зголемување. Од тоа што го гледаме 235 денари е зголемено. Зависно од кои артикли некаде може да имаат 0,5 отсто, некаде има три отсто, но тука има зголемување секој месец. Во рок од два месеци има зголемување 235 денари потоа 120 денари тоа е веќе триста и нешто денари со што се обезвреднува минималната плата кај нашите работници, но и во главно кај граѓаните, без разлика дали се тоа пензионери или работници. - вели Љупчо Радевски ССМ.

Најновата пресметка е дека минималната кошничка изнесува 60325 денари. Пекарите веќе го поскапеа лебот за нешто над пет отсто, а во најава е и зголемување на цената на струјата за домаќинствата и малите бизниси. Регулаторот предупреди дека ќе стори се да не се случи нов ценовен шок, а измени на Законот за енергетика најави и мандатарот Христијан Мицкоски со кои ќе се спречи поскапување на цената.

Ставот на бизниост пак е дека цените на готовите производи растат со образложение дека се зголемуваат цените на суровините кои им се потребни за работа, но велат дека и тоа се должи на зголемените плати на работниците кои со тешки маки успеваат да ги задржат да работат во земјава.