Потрошувачката кошница која ја претстави министерот за економија, за премиерот не е владина туку реална

Водиме политика врз основа на бројки, а не политика врз основа на чувства, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата дека долгот е зголемен на четири милијарди евра.

Мицкоски вели дека јавниот и државниот долг сега е зголемен на нешто помалку од една милијарда и 400 милиони евра, а БДП за 4 милијарди евра за разлика од времето на СДСМ и ДУИ од 2018 до 2023 година кога долгот беше зголемен за 3,7 милијарди евра, а БДП за 3,9 милијарди евра. За потрошувачката кошничка што ја презентираше министерот за економија, премиерот очекува да се разговара на следната седница на Економско социјалниот совет. Мицкоски вели дека дека пресметката е врз основа на критериумите што ги има Евростат и кои важат за целиот свет. Кај нас има институции кои си прават сопствени кошнички кои и тие самите не знаат дали се минимални или просечни, па потоа експертите излегуваат и ги демантираат и им велат дека се просечни, изјави премиерот 

Реагираа од опозициската СДСМ. За две години Владата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра, што е повеќе од половина од долгот од независноста. Од СДСМ велат дека за граѓанинот  пресметале потрошувачка кошничка  по нивни терк, измислија нова, а не според реалноста. 

СДСМ

„Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната. Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на третата економија, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат“.

Од Сојузот на Синдикати, ПАК, велат дека се изненадени од објавата на владината просечна кошница без согласност на Економско- социјалниот Совет. Потрошувачката кошничка што ја објави министерот за економија Дурмиши е за 10.200 денари помала од онаа што ја пресметаа во Синдикатот, а која за август месец изнесуваше 68.675  денари.