Потрошувачите бараат ненајавени и почести кошнички со намалени цени

Организацијата на потрошувачи оценува дека немало значителен пад на цените со новогодишната кошничка, а Синдикатите в понеделник ќе ги објават пресметките за ефектите од оваа мерка. Бараат од власта да не ги најавува кошничките со намалени цени за да се спречат манипулации од трговците. 

Од ССМ претходно објавија дека во декември синдикалната кошничка пораснала за 840 денари во споредна со ноември лани.