Потрошени 675 илјади евра за новогодишно украсување низ земјава
Вкупно 675 илјади евра потроши град скопје и 20 општини за украсување на новата 2020 година. Само градот потрошил околу 285 илјади евра, што е удел од 42 отсто од вкупните пари за оваа намена.
Споредено со претходната година, намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите. Ова го покажува базата на податоци за сите тендери на локалните власти што денеска ја објави центарот за граѓански комуникации.
Според податоците, дури 91 отсто од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот завршуваат кај две скопски фирми, Линк Медиа плус и Метал-вет-ел.