Потресни сведоштва на доктори од Бугарија
Се уште не можеме да го заборавиме она што го видовме таму. Лекари од Бугарија раскажуваат за трагедијата во Кочани.
Три часа после повикот, Тања Алекова и Румен Гоцев, доктори во итната помош во Софија, со поициска придружба, веќе биле на местото на трагедијата. Она што таму ги затекло, една недела по несреќата, се уште ги прогонува.
„Ова не е нешто што човек лесно може да го заборави. Ќе треба да помине време. Постојано го сонувам.“ - д-р Тања Алекова.
„Тоа е нешто што не може човек да го заборави. Единствено времето лекува, но ќе треба да помине доста време.“ - д-р Румен Гоцев.
А дека ситуацијата е крајно сериозна, им станало јасно уште во главниот град каде ги дочекале, празни улици.
„Ме погоди тишината во Скопје. Како да се случила апокалипса. На улиците немаше луѓе.“ - д-р Тања Алекова.
Едната екипа помагала во транспортот на 16 годишно девојче, која имала тешки повреди и изгореници. 7 дена по трагедијара во Кочани, кај девојчето се јавиле секундарни инфекции и се уште е во критична состојба. Клучна улога за да се спаси животот на повредената одиграле и македонските лекари кои пружиле прва помош.
„Имаше тешки изгореници на лицето и горните екстремитети. Беше збунета, но на моменти се обидуваше да зборува и прашуваше како се нејзините пријатели кои беа со неа. Прашуваше и што се случило со останатите. Беше во многу тешка состојба. Првата помош доста добро се погрижила за неа. Тоа ми остави голем впечаток.“ - д-р Тања Алекова.
Втората екипа пак требала да обезбеди успешен транспорт на еден поврден пациент во болницата во Пловдив. Пациентот бил во шок, а како што вели доктор Гоцев, намерно го оставил да раскаже што преживеал.
„Разговорот беше многу тежок. Не му вршев притисок, го ставив да го преживее самиот настан. Колку може повеќе да се ослободи. Многу е важно, бидејќи човек тоа постојано го преживува. Тој беше во стабилна состојба додека патувавме кон Пловдив.“ - д-р Румен Гоцев.
Во меѓувреме, специјалистите од Воено-медицинската академија, кои учествуваа во авионската евакуација на повредените од трагичниот инцидент, поздравени за храброста кој ја пружиле за време на евакуацијата. Началникот на Бугаррската ВМА и оддаде почит екипата од центарот за воздухопловство кои евакуираа осуммина повредени Македонци.