Потресни сцени во Венецуела по катастрофалниот земјотрес
Катастрофални земјотреси уништија делови од Венецуела. Два потреси едно подруго, со јачина од 7.2 и 7.5 степени според рихтер ги опуштошија северните и централните региони.
Во земјата на сила е вонредна состојба додека во најтешпко погодениот регион, ла гвеира, прогласена е зона на катастрофа..УРНАТИ Се десетици станбени згради, куќи и деловни објекти...Затворен е и меѓународниот аеродром кој претрпел сериозни оштетувања..Надлежните служби ги повикаа жителите да ги напуштат домовите, бидејќи серијата земјотреси не стивнала ...Според последните информации, во несреќата загинале преку 100 лица а повеќе од 1000 се повредени...Се стравува дека конечниот епилог, ќе биде многу полош..
Делси Родригез
„Ова е трагедија со сериозни последици. Неколку држави се тешко погодени. Во главниот град Каракас, зградите се урнаа во различни населби. Активирани се сите јавни и приватни здравствени мрежи, особено во најтешко погодените области за да им помогнеме на повредените. Ги повикувам сите здравствени работници да се јават на рабнота за да можеме да ги лекуваме оние кои се донесени во одделенијата за итни случаи.“
Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 7,2 степени по рихтер бил на околу 28 километри западно од градот Морон на длабочина од 13 километри...Трисестина секунди по првиот, следел уште еден земјотрес, овојпат со јачина од 7.5 степени..
Мариа Алехандра - жителка на Венецуела
„Сите ѕидови одеднаш испукаа. Успеавме да ја отвориме вратата но не пречека облак од чад и не можевме ништо да видиме. Кога се симнавме долу, она што го видовме беше како хорор филм. Моравме да се качуваме преку урнатините.“
Роберто Гамас – жител на Венецуела
„Целата зграда се клатеше. Имаше голема паника додека луѓето се обидуваа да излезат. “
жител на Венецуела
„Неколку ѕидови се урнаа. Земјотресот беше навистина силен. Очекуваме уште неколку земјотреси.“
Од Американската сеизмолошка служба предупредуват дека Венецуела би можела да се соочи со катастрофа..Според нивните проценки, може да има помеѓу 1.000 и 10.000 загинати со оглед на интензитетот на потресите и близината на населбите до епицентарот...
Луси Џонс – сеизмолог
Овој земјотрес започна на запад, а потоа се прошири кон Каракас и затоа предизвика доста голем потрес во градот. Американскит геолошки институт ги следи сите потреси преку поседна програма. Тие ги земаат информациите што ги имаме за тоа каде се случило тресењето, ги споредуваат со местата каде што живеат луѓето и со типовите на градби што ги имаат. Врз основа на тоа проценуваат дека ова ќе биде многу разорен земјотрес, при што најголемата веројатност е бројот на загинати да биде меѓу 10.000 и 100.000 луѓе.“
САД и државите од Јужна Америка веќе се мобилизираат да им помогнат на жителите на Венецуела..На пат кон Каракас веќе се упатени спасувачки тимови и медицински персонал и лекови ... Од Шпанија најавија помош за да помогне во санирањето на последиците од земјотресот и згрижување на погоденото население...

