Потрага по преживени - расте бројот на жртви по земјотресот во Албанија
Знамињата во албанија денеска се на половина копје откако владата прогласи ден на жалост по најсилиот земјотрес кој ја погоди државата во изминативе неколку декади..Откажана е наставата во сите училишта а и фудбалскиот сојуз ги откажа сите натпревари за оваа недела...Во регионот на Драч и Тирана, двете области најтешко погодени од земјотресот, прогласена е вонредна состојба.
Наместо празникот ден на знамето кој требаше да се прослави на 28-ми ноември, ќе има ден на национална солидароност, најави Еди Рама за време на вонредна седница на владата...
„Сакаме да имаме три дена на национална жалост, имајќи го предвид вонредниот обем на трагедијата.“ - изјави Рама.
A спасувачките екипи ja продолжуваат потрага по преживеани. Илјадници припадници на армијата, полиција и екипи на брзата помош ги пребаруваат остатоците од урнатините...
Бројот на жртви во серијата земјотреси кои го погодија центарлниот регион на државата се искачи на неколку десетици. Повеќе од 650 лица се повредени, од кои деветмина се во тешка состојба, изјави албанската министерска за здравство. 65 лица се задржани за болничко лекување.
„Загубив се. Не знам каде да одам сега. Мојата мајка има 90 години, болна е и пие лекасртва. Но, ќе преживееме некако.“ - вели : Јоланда Дрини.
„Кога се случи земјотресот светлата се изгаснаа. Ништо не можевме да видиме , само слушавме како паѓаат работите околу нас.“ - вели Шалип Вена.
Регионот околу Драч синоѓа го погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,7 степени според рихтеровата скала.
Жителите чии што домови беа уништени или оштетени, но и оние кои стравуваа од нови потреси, ноќта ја минаа во импровизирани живеаллишта. Во Изминативе 24 часа, во регионот се регистрирани 524 земјотреси од кои неколку беа со магнитуда поголема од 4.5 степени според рихтеровата скала.