Потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани на средба со претседателот на Собранието

Во посета на Собранието на Северна Македонија денеска ќе престојува потпретседателката на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Басани ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.