Потпишана декларација за превенција од насилство
Младинското насилство го вклучи алармот во општеството. Институциите и ОБСЕ во Скопје потпишаа заедничка Декларација за итен и координиран одговор против агресијата кај младите.
Превенцијата на насилството кај младите бара координиран, системски и заеднички пристап од сите институции и општествени чинители, порача министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите.
Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, ја нагласи важноста од партнерство меѓу институциите и меѓународната заедница за превенција на насилството и создавање побезбедна средина за младите.
Со формирањето на националната работна група се воспоставува прв системски механизам за координација и дијалог меѓу институциите, образовниот сектор, полицијата и граѓанските организации, со цел поефикасна превенција и следење на мерките против насилството кај младите.

