Потпишан Кодексот за фер и демократски избори за изборите за пратеници
Од вечерва на полноќ почнува изборната кампања за единаесеттите по ред парламентарните избори. Во пресрет на истата, претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори што ќе се одржат на 8 мај.
Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.