Потпишан грант за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Денеска беше потпишан договорот за грант од ЕУ со Европската инвестициска банка, финансиерот на изградбата и надзорот на пречистителна станица за отпадни води во скопје.

Пречистителната станица беше предмет на големи контроверзи, откако лани во октомври, скопската градоначалничка Данела Арсовска обвини дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле вмешани во малверзации со тендерот за изградба.