Потпишан договор за заем од 100 милиони евра од ЕБОР за ЕСМ

Поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори, е целта на заемот вреден 100 милиони евра што го обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ. 

Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии. Заемот е со рок на отплата пет години, со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка. Компанијата ќе биде корисник на средствата и ќе ги сервисира сите обврски, а државата ќе дава гаранција.