Постои интерес за одржување сесија во парламентот во врска со релациите со Софија
Foto

Постои интерес за одржување сесија во парламентот во врска со релациите со Софија

По новата блокада за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и последите најави дека сега акцентот е ставен на акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, во Собранието се подготвува терен за отчет за разговорите со Софија. Нема информации пред која комисија во Собранието би реферирале владините претставници и дали тоа би било на затворена или на јавна седница.

Изборите нема да променат ништо во однос на позициите на бугарската држава во однос на идентитетот на Македонците, дециден е бугарскиот вицепремиер Каракачанов во интервју за националната бугарска телевизија. Вели Македонија е најтрагичниот и најромантичниот дел од бугарската историја, вратата за Македонија не е затворана, но Бугарија нема намера да се откаже од своите барања.

Според Каракачанов решавање на отворените прашања меѓу Скопје и Софија е од стратешко значење, но во интервјуто вели дека цврстите ставови околу идентитетот на Македонците му ги пренел и на специјалниот посредник Владо Бучковски при средбата во Софија минатата недела.

Претходно претседателот Пендаровски повторно потенцираше дека од македонска страна нема подготвеност да се преговара за идентитетските белези на македонската нација. Веќе следната недела се очекува последните позиции за преговорите со Бугарија да бидат тема на собраниска дебата на која што ќе учествуваат шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров.

Нов обид за средба и напредок околу спорните историски прашања се очекува и од мешовитата историска комисија.

0 Коментари

Остави коментари