Постизборно конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија

Владата ќе направи конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија по локалните избори. Ваква порака испрати министерот Муртезани а прес конференцијата со Јоаким Странд министерот за европски прашања на Финска.

Муртезани не откри за какви чекори станува збор, кратко порача дека засега - поради изборната кампања, тоа се само размислувања без форма на конкретни предлози. Уверуваше дека кај премиерот и владата постои сериозна одлучност за решение со официјална Софија. 

Орхан Муртезани министер за европски прашања – Кај премиерот и кај владата постои сериозна одлучност, после изборите да се направат, конкретни чекори за надминување на овој проблем. Тоа што можам сега да кажам е дека има размислување за тоа какви чекори треба да се преземат, меѓутоа целиот фокус моментално е во изборната кампања, така да не може да се очекува тие начини на размислување да добијат форма на конкретни предлози. 

Финскиот министер за европски прашања Странд, се надева дека нема да има премногу билатерални прашања кои го како што изјави ќе го контаминираат процесот на преговори. Порача дека сите земји имаат историја и дека и во ЕУ сега може да се најдат стотина проблеми. Верува дека ќе се најде решение и ја поттикна владата на уставни измени. 

Јоаким Странд министер за европски прашања на Финска – Ја поттикнувме Северна Македонија да ги усвои уставните измени кои што беа договорени. Тоа беше тема на денешните дискусии. Ги повикуваме земјите од регионот да го искористат моментот. И се надевам дека нема да гледаме премногу билатерални прашања, кои што ќе го контаминираат процесот на проширување во иднина. Сите земји си имаат историја, сите можеме да најдеме сто проблеми и сега во земјите членки на Европската Унија и затоа се надевам дека ова ќе се реши на позитивен начин и дека ќе можеме да продолжиме понатаму. 

На прашање за реформите и за тн. еколошки аларм од ЕУ извештајот за Македонија за животната средина за 2025та и колку тоа би бил проблем дури и ако се усвојат уставните измени, Странд порача дека за животната средина ниту една земја нема да биде стопроценти подготвена кога ќе стане членка на ЕУ. Изјави дека многу компании во Финска се спремни да помогнат на решенија за управување со отпадот, управување со водите, енергетска ефикасност, балансирање на струјата, обновливи извори на енергија. Порача и дека борбата со корупцијата и владеење на правото, се многу поважни теми. 

Јоаким Странд, денеска имаше средба и со шефот на дипломатијата Муцунски.