Постекоглу: Не придавам големо значење на нашите победи, има уште многу да се игра

Предводникот на Тотенхем, Анге Постекоглу го коментираше најдобриот старт во историјата на Премиер лигата на еден тренер дебитант.

Грчкиот фудбалски стручњак освои 23 бода по првите 9 натпревари во Премиер лигата и постави рекорд на првенството.

- Не му придавам големо значење на тоа. Има уште премногу работа пред нас. Задоволен сум од почетокот, морам да им оддадам признание на сите вклучени. Ние сме таму каде што сме затоа што го заслужуваме тоа, но многу работи укажуваат на тоа дека имаме уште работа, изјави Постекоглу за „Би-би-си“.

Тотенхем е лидер во Премиер лигата со 23 бода, два повеќе од Манчестер сити и Арсенал.