Поставена нова спомен плоча по вандалскиот чин со кој беше оштетен споменикот „Солза на розата“

Откако претходно на вандалски начин беше искршен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид од денеска општината повторно го возобнови споменикот а и остро го осуди сквернавењето на „Солза на Роза" кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден" во кој загинаа 15 бугарски туристи. 

„Апелирам до граѓаните да се воздржат од вакви слични вандалски однесувања" - - напиша на својот фб профил градоначалникот Георгиевски."Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувство и почит за 15 те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот Илинден на 5 септември 2009 година "

Осуда за чинот упатија и бродарите. Од СВР Охрид велат дека полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Инаку оштетувањето на споменикот предизвика бурни реакции во јавноста. Синоќа со осуда се јави и Министерството за надворешни работи, а веста за сквернавењето претходно ја објавија и бугарските медиуми.