Поставен камен темелникот на ветерниот парк кај Штип

На потегот Штип, Карбинци и Радовиш, на површина од околу 326 хектари ќе има 55 ветерници, каде што ќе се произведува електрична енергија. Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк, инвестиција од половина милијарда евра – со која ќе се обезбеди електрична енергија за 100 илјади домаќинства. Коосновачот и управувачки партнер, Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект.

Даниел Калдерон, коосновач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ 

Премиерот Мицкоски истакна дека по повеќе од една година најавеното денеска добива завршница на првата фаза.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, пак нагласи дека овој проект има повеќеслојно значење.

Реализацијата на проектот, како што истакнуваат од „Алказар енерџи“, ќе донесе бројни придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, а ветерниот парк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност.