Последно пребројување во партиските редови
Foto

Последно пребројување во партиските редови

Последно пребројување во партиските редови. СДСМ денеска на конгрес – ќе ги обзнани кандидатите што ќе трчаат на изборите. Шеќеринска, Спасовски, Царовска, Димитров, Заев, Николовски – изборните листи ќе бидат предводени од тандеми. ВМРО-ДПМНЕ на Централен комитет утре ќе ги прецизира кандидатурите. Дали Мицкоски и Заев ќе имаат изборно соочување на терен? Опозиционерот смета – кандидатот за мандатар не треба да биде носител на листа. Шестката. Изборен мегдан за лидерите на партиите од албанскиот блок. Зијадин Села, Билал Касами, Али Ахмети, Мендух Тачи - правилото победник со победник е завршена работа. Постизборно партиите ќе се соочат со нова реалност - каква ќе биде?

Дебатираат Катерина Блажевска, новинар-колумнист, Имер Селмани, поранешен политичар и Тодор Пендаров, новинар-аналитичар.

0 Коментари

Остави коментари