Последни подготовки пред локалните избори во недела
Foto

Последни подготовки пред локалните избори во недела

Шеесет тони хартија беа потребни за да се испечатат 4,5 милиони гласачки ливчиња, изводи од избирачките списоци и друг доверлив материјал кој денеска со помош на полицијата, беше дистрибуиран од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.

Претседателот на ДИК, Александар Дашетвски изјави дека оатанува, во текот на утрешниот ден да бидат дистрибуирани и уредите за биометриска идентификација на гласачите.  

Од Државната изборна комисија уверуваат дека е невозможно изборниот материјал да биде фалсификуван затоа што, гласачките ливчиња се заштитени со над 20 видови заштита. Претседателот на комисијата Даштевски уверува дека можноста уредите за идентификација преку отпечаток на прст да се расипат се пет отсто но и да се случи тоа, во депоата на ДИК има резервни повеќе од 500 такви уреди.

Апаратот работи на струја и доколку снема гласањето продолжува со батерии. Во случај ако се потрошени резервите и ако нема струја, тогаш ќе се гласа по стариот метод со УВ-ламба и спреј. Во тој случај, се остава отпечатокот на избирачкиот списиок на хартија а податоците ќе се проверуваат директно во Државната изборна комисија. 

Кампањата завршува утре на полноќ. 3.480 избирачките места треба да се отвораат во недела во седум часот наутро а да бидат затворени во 19 часот вечерта. Ден претходно, во сабота, ќе гласаат војниците, старите и изнемоштени лица и притворениците и затворениците. Право на глас имаат и граѓаните позитивни на Ковид-19 но и оние што на денот на гласањето ќе бидат во изолација.

Сите тие ќе гласаат дома со помош на тимови составени од медицински персонал. На седмите по ред локални избори годинава право на глас имаат 1.824 864 милиони граѓани кои ќе избираат помеѓу 301 кандидат за градоначалник и за 567 листи за советници.

0 Коментари

Остави коментари