Последен ден за пријавување за инвестирање во Зелена обврзница

Владата во среда ја закажа првата аукција за Зелена обврзница. Граѓаните и компаниите имаа една недела можност да аплицираат во комерцијалните банки за да обезбедат дел од понудените 10 милиони евра за оваа државна обврзница.

Каматната стапка е на ниво од 4,75 отсто. Парите кои ќе бидат обезбедени од оваа Зелена обврзница според надлежните ќе се искористат за реализација на капитални проекти од областа на обновливите извори на енергија. Од Министерството за финансии веќе соопшштија дека воведувањето на ваквите финансиски механизми ќе влијаат врз побрз економски раст.

„Една од мерките за поддршка на стопанството е зелената обврзница која е во износ од 10 милиони евра. Минатат среда беше објавен проспектот а оваа среда е аукцијата, каде што средствата ќе одат преку развојната банка во однос на поддршка на стопанството за обврски и кредити за енергетска ефикасност.“ - вели Фатмир Бесими министер за финансии.

Оваа Зелена обврзница доаѓа откако во јули државата издаде Граѓанска обврзница за која се задолжи 25 милиони евра. Парите треба да се вратат за две години а граѓаните за вложените средства ќе добијат камата од пет отсто. Властите веќе најавија издавање и на нова Граѓанска обврзница за овој месец.

Инаку, во последниве 20 години државата издаде 10 обврзници. Во периодот што следи односно, од 2025 до 2028 година земјава треба да врати околу две милијарди евра, пари кои државата ги добивала како задолжување од меѓународни финансиски институции.